Првиот соло сингл на фронтменот на групата „Аеросмит“, со име “(It) Feels So Good”, ќе се најде во продажба на американскиот пазар на 9 мај. Видео спотот премиерно ќе биде прикажан во шоуто „Американски идол“, каде Стивен Тајлер е еден од членовите на жирито.
Тајлер во ноември минатата година го објавил својот прв самостоен сингл “Love Lives”, за потребите на јапонскиот филм “Space Battleship Yamato”, а таа песна ќе се најде на соло албумот кој Тајлер планира да го сними.