Фронтменот на групата „Аеросмит“, Стивен Тајлер, го купил еден од најбрзите автомобили на светот, „Henesi Venom GT Spajder“ и за него издвоил 1,1 милион долари, пренеле британските медиуми. Сопственикот на компанијата која ги произведува овие автомобили рекол дека Стивен минатата година ги запрашал дали можат автомобилот да го направат како кабриолет, и додал дека промените на автомобилот ја зголемиле тежината на возилото, па затоа и била зголемена неговата сила.
Споменатиот автомобил достигнувал брзина од 200 километри на час за 15,9 секунди. Само пет модели од овој автомобил ќе бидат произведени оваа година, а Тајлер е единствениот кој има кабриолет.