Познатиот американски режисер Стивен Спилберг изјавил дека повеќе нема да снима акциони филмови. Режисерот кој во 1975 година со филмот „Ајкула“ всушност го створил овој жанр, вели дека блокбастерите повеќе не го интересираат и дека сака во иднина да се посвети на други теми, како онаа која ја обработил во своето најново остварување „Линколн“ засновано на животот на американскиот претседател Абрахам Линколн.
Гостувајќи во американската емисија „60 минути“ Спилберг истакнал дека неговиот нов филм „Линколн“, во кој главната улога ја игра британскиот актер Даниел Деј Луис, нема никаква врска со акцијата. Меѓутоа, неговата изјава треба да се земе со доза на резерва, јавиле медиумите, потсетувајќи дека режисерот планира да прикаже барем уште едно акционо остварување, “Robopocalypse”, работено по научно-фантастичниот роман на Даниел Вилсон кој зборува за востание на роботите.