Филмскиот режисер Стивен Спилберг најверојатно ќе потпише договор за библиски биографски филм со име „Богови и Кралеви“, кој ќе ја раскажува приказната за Мојсие, лик од Стариот Завет, пренеле американските медиуми.
Според медиумите, популарниот режисер би требало да го потпише договорот со студиото „Варнер Брос“ на крајот на овој месец. Сценариото за овој филм го пишувале Стјуарт Хезелдајн и Мајкл Грин, а продуценти ќе бидат Дан Лин и Мети Лесам. Продукцијата на филмот е планирана за март или април оваа година.