Ѕвездата на акционите филмови од деведесеттите години, шеесетгодишниот актер Стивен Сигал изјавил дека има намера да се кандидира за гувернер во американската сојузна држава Аризона. Неговата кариера кон крајот на деведесеттите тргна по надолна линија, а во разговор за медиумите зборувал за своето риалити шоу „Стивен Сигал- Човек од законот: Марикопа Каунти“ кое настанало во соработка со контраверзниот шериф од округот Марикоп, Џо Арпеј.

Стивен Сигал исто така е припадник на неформалниот одред на Арпеј кој го сочинуваат повеќе од три илјади цивили доброволци. Тој е именуван за помошник шериф во Тексас, Луизијана и Нју Мексико, а покрај својата политичка аспирација открил и дека се залага за зајакнување на безбедноста на границата на Аризона.