Фановите на акцијата од осумдесеттите години можеби требало да чекаат до третото продолжение за листата на херои да биде потполна, но се чини дека чудото сепак е можно. Откако во „двојката“ се појавија Ван Дам и Чак Норис, на легендите на старите акции во третиот дел на „Платеници“ би можел да им се придружи и Стивен Сигал.
Медиумите пренесуваат дека Силвестер Сталоне водел интензивни преговори со популарниот актер. Сталоне на Твитер потврдил дека Весли Снајпс дефинитивно ќе глуми во новото продолжение, како што и било најавено, а исто така во филмот ќе се врати и Мики Рурк.