Криминалците во државата Тексас сигурно не биле израдувани од веста дека акциониот херој Стивен Сигал сега навистина ќе може да им застане на патот, бидејќи бил именуван за заменик шериф. Популарниот филмски херој минатата седмица на свечена заклетва ја презел должноста заменик шериф на округот Хадспес, кој се простира долж реката Рио Гранде источно од Ел Пасо.


Задачата на Стивен Сигал ќе биде да внимава на граничниот премин помеѓу Тексас и Мексико и да ги спречи сите оние кои илегално ќе се обидат да влезат во САД. Тој не се откажал од актерската кариера, а моментално е ѕвезда на реално шоу кое го следи неговиот живот и работата како шериф во Њу Орлеанс.