Американскиот комичар Стив Мартин ја открил радоста на татковството за прв пат на 67 години. Еден негов близок пријател обелоденил дека неговата сопруга, Ан Стрингфилд која има 41 година во декември го родила нивното прво дете.

Актерот, кој во комедијата „Што повеќе тоа подобро“ глумел татко на 12 деца, сакал раѓањето на детето што подолго да го држи во тајност. Изворот додал дека Стив бил многу дискретен по ова прашање и биле многу среќни бидејќи имале доста проблеми да добијат дете. Тој и сопругата неодамна биле видени во прошетка со детето, недалеку од нивната куќа во Лос Анџелес.