Актерот, кој во август ќе наполни 70 години ќе ја прими наградата AFI (Life Achievement Award), која во 1973 година ја основа Американскиот филмски институт. Наградата се доделува на поединци за нивниот допринос во „богатењето на американската култура преку филмот и телевизијата“. Прв лауреат бил Џон Форд, а меѓу добитниците се уште и Орсон Велс, Алфред Хичкок, Елизабет Тејлор, Клинт Иствуд, Џорџ Лукас, Мерил Стрип и Роберт де Ниро.
Мартин кој крајот на 70-тите години на минатиот век стекна слава како комичар кој кажува вицеви во живо во познати телевизиски емисии во САД. Неговиот прв значаен филмски настап бил во мјузилот „Оркестарот на осамени срва на наредникот Папер“, а подоцна имал запазена епизодна улога на нервозен келнер во „Мапетите одат во Холивуд“. Меѓу најпознатите филмови му се „Пинк Пантер“, „Кралот на Египет“ и „Тројцата амигоси“.