Ракометарите на Охрид денеска во Романија го играат реванш натпреварот од 2 коло од ЕХФ купот против Потаиса Турда. Првиот меч во Охрид „Гладијаторите“ го добија со 6 гола разлика.
Охрид синоќа го одработи вториот и последен тренинг пред мечот во Арена „Турда“ каде попладнево ќе се игра натпреварот. Здравствениот билтен е добар, Алушовски на располагање ги има сите играчи и верува дека екипата има квалитет да одговори на предизвикот.
Подготвени сме. Мислам дека не можат да не изненадат тактички. Анализиравме и пред првиот и сега пред вториот натпревар, тоа што очекувам е многу поагресивна игра на играчите на Турда. Имаме доволно квалитет и искусни играчи кои можат да одговорат на овој предизвик и се надевам дека утре по натпреварот сите заедно ќе се радуваме, изјави за Охридњуз Алушовски.
Натпреварот Потаиса Турда -ГРК Охрид се игра од 17 часот. Директен пренос и live stream од мечот нема поради строгите правила на ЕХФ. Охридњуз навремено во реално време ќе информира за текот на натпреварот кон кој е свртено вниманието на спортската јавност во градот.
Г.М.
Фото: А. Момироска