Учениците кои сакаат да аплицираат на овој конкурс треба да ја пополнат електронска пријава која е поставена на http://konkursi.mon.gov.mk најдоцна до 8.11.2009 година.
Стипендијата која е со висина од 2.200 денари месечно, учениците ќе ја добиваат девет месеци во текот на учебната година. Оваа година Министертвото за образование планира да додели 500 вакви стипендии.
Право на доделување на ваква стипендија имаат кандидатиете кои ги се редовни ученици во средно училиште, да имаат континуиран одличен успех во досегашното образование со просек од најмалку 4,5, да не повторувале година во текот на образованието, да не се корисници на стипендија од други институции и да имаат освоено награда на меѓународен или државен натпревар во областа на науката, културата, техниката, уметноста или спортот.
Учениците кои ќе се пријават на овој конкурс од 9.11.2009 до 14.11.2009, на адресата од Министерството за Образование ќе треба да ги достават следните документи: Потврда за редовен ученик во учебната 2009/2010 година, заверени фотокопии од севедителства од претходните години во образованието, препис на уверение за државјанство, оргинална диплома или заверена фотокопија од нотар за освоена награда на државен или меѓународен натпревар и изјава од родителот дека ученикот не е корисник на друга училишна стипендија или кредит.