Општина Охрид продолжува со иницијативите за вклучување  на што повеќе институции, училишта, организации и поединци од Охрид во заедничките иницијативи и проекти за соработка со европските партнери. Во рамки на веќе воспоставената успешна соработка со општина Исео од Италија, дипломирани студенти или студенти кои следат мастер студии од областа на економските науки имаат можноста да земат учество на Меѓународната летна школа, Меѓународна конференција и средби со добитници на Нобелова награда од економските науки, еминентни економисти од целиот свет, владини претставници како и успешни бизнисмени, и трговски асоцијации.

За сите заинтересираните студенти од Охрид, обезбедено е намалување на трошоците за учество на настанот и комплетен престој во хотел во Италија (вкупно 1000 евра во период од 20-27 јуни 2015 год.). Редовната цена во пакет изнесува 2 500 евра.

За повеќе информации и потребните документи за аплицирање, заинтересираните можат да се обратат во Секторот за туризам и локален економски развој и кај координаторот за соработката со општина Исео и Европската мрежа на градови со езера, Антонио Балески, е- маил: [email protected] , телефон: 046/230 175.

OhridNews