Охридските кошаркари Петар Бошалески и Габиела Модева се помеѓу најдобрите млади кошаркари до 20 години во Македонија. Бошалески и Модева за признанието се закитија со спортска стипендија „Спортска надеж“ која ја доделува Агенцијата за млади и спорт.

Критериумите за учество во изборот беа играчот да остварено настап на Европското првенство (сениорско или младинско) во 2019 година, играчот да бил вклучен во регуларен дел од системот за натпреварување од сезона 2019/20 (Македонија или странство) и играчот да се наоѓа на актуелната листа на репрезентацијата за 2020 (сениорска или младинска).

Бошалески кој настапува за Работнички и Модева која настапува за Струга ги исполнија строгите критериуми и заслужено добија ветар во грб како надежни кошаркари.

Во комисијата која го изврши рангирањето на најдобрите кошаркари беа Тодор Гечевски, Мирко Ивановски и актуелниот селектор Александар Тодоров.

OhridNews