Британскиот музичар Стинг имал полни раце работа. Освен што работел на новиот албум кој во продажба ќе се појави на есен, пишувал и мјузикл инспириран од детството во сенка на бродоградилиштето на северот од Англија, кој премиера ќе има следната година на Бродвеј. Мјузиклот “The Last Ship”, се заснова на искуствата на пејачот за време на растењето во близина на бродоградилиштето Сван Хантер, на реката Тајн, некогаш водечко бродоградилиште на светот.
Портпаролот на пејачот изјавил дека работењето на мјузклот го инспирало Стинг да го сними и својот прв албум со нов материјал во последниве десет години. Тој навел дека албумот ќе го носи истиот наслов како и филмот, “The Last Ship”, и дека ќе биде издаден за 23 септември. Од почетокот на својата соло кариера по распаѓањето на групата Полис во 1984 година, Стинг објавил вкупно десет албуми.