Музичарот Стинг кој во декември во Азија ја завршува едногодишната турнеја со која обележал 25 години од појавувањето на сцената, рекол дека сега ќе се фокусира на делото кое го пишува. Поранешниот пејач на групата „Полис“ рекол дека после турнејата ќе продолжи да работи на мјузиклот кој го пишувал.
Рекол дека се е во рана фаза, но бил многу инспириран. Напишал многу нови песни за проектот. Тоа била непозната територија за него и се било многу возбудливо. Дејстовот на мјузиклот “The Last Ship” ќе се одвива во родниот град на пејачот Њукасл, и е приказна за работниците на пристаништето кои одлучиле да изградат свој брод.