Популарниот музичар, продуцент и актер Гордон Самнер, попознат како Стинг, и официјално загазил во седмата деценија од животот. Роденденската забава ја направил нешто порано од роденденот. Својот јубилеен роденден го прославил на голема забава која ја приредил во Њујорк, а меѓу гостите кои со својата песна му го разубавиле славењето бил и Брус Спрингстрин, кој извел три нумери.
Стинг во еден момент му се придружил на сцената, па во дует ја испеале песната “Can’t Stand Loosing You”. На истата прослава музичарот обележал и 25 години професионална кариера, а меѓу гостите биле уште и Лејди Гага, Били Џоел и Стиви Вондер. На роденденот немало торта, бидејќи Стинг изјавил дека не јаде торта и дека нема намера да дува 60 свеќи.