Популарниот британски пејач Стинг одлучил својот 60 роденден да го прослави во голем стил, со концерт во Њујорк на кој ќе гостуваат најпознатите светски ѕвезди. Големиот спектакл на кој Стинг ќе обележи и 25 години самостојна кариера ќе биде одржан на 1 октомври, ден пред неговиот роденден.


Целиот настан ќе има и хуманитарен карактер, па славниот музичар повикал голем број свои славни пријатели да му се придружат на прославата. Покрај Лејди Гага, меѓу гостите ќе бидат уште и Стиви Вондер, Брус Спрингстрин и групата „Блек Ајд Пис“.