Патриша Филд, стилистката која многумина ја сметаат за вистински моден гуру, многу веројатно нема да учествува во второто продолжение на филмот “Сексот и градот“, иако таа е заслужна за оригиналниот стил на четирите пријателки.

Токму таа ги има одбрано сите прекрасни креации за Кери Бредшоу, поради кои милиони жени нестрпливо го исчекуваа секое ново продолжение на серијата.

Патриша Филд и нејзиното сфаќање за модата е во голема мера заслужно за планетарната слава на филмот „Сексот и градот“, па со право се поставува прашањето дали и продолжението ќе може да ги задржи високите критериуми и очекувања.

Освен на серијата и филмот “Сексот и градот“, Филд како стилистка има работено на многу проекти, меѓу кои филмот “И Ѓаволот носи Прада“, а заслужна е и за фалење на костимите во филмот “Исповед на една шопингхоличарка“.