Во конкуренција на 47 ракописи на македонски и два на српски и еден бугарски јазик, стихозбирката „Во преграб на мигот“ од писателот Пере Ристески ја освои наградата „Книжевен светилник“ на издавачката куќа „Дата Песнопој“ од Битола.
Наградата се доделува за необјавена збирка песни, роман или раскази, а Ристески со признанието се стекна во категоријата поезија со што обезбеди учество на Меѓународната средба „Балкански книжевни кооординати“ на литерати и творци од Балканот.
Инаку, оваа е трета стихозбирка на Ристески која е составена од 25 посебни песни поделени во три целини.
OhridNews