Со рака напишаните стихови на Џон Ленон за песната “Lucy in the Sky With Diamonds” која „Битлси“ ја снимиле 1967 години биле продадени за повеќе од 237 илјади долари на аукција во Лос Анџелес, пренесле американските медиуми. Парчето хартија со воведните стихови на песната содржело и скица на која биле прикажани четири лица во соба со спуштени завеси.
Песната била ставена на албумот “Sgt Pepper’s Lonely Hearts Club Band” и со години важела за химна на дрогата ЛСД. Ленон секогаш ги негирал тие тврдења. Жена по име Луси Воден, школска другарка на синот на Ленон Џулијан, во 2007 година на јавноста и открила дека била инспирација за песната.