Во Спомен куќат ана Прличев денес се одржа манифестацијата „ Стихови и звуци за Прличев“ . На свеченоста , градоначалникот Никола Бакрачески, на ученичката Дона Трајкоска и ја врачи наградата за најдобра литературна творба  што ја освои на анонимниот конкурс на Основното училиште „ Григор Прличев“.

– Во рамките на годинашниве „ Прличеви беседи“  , со овој настан сакаме да ги вклучиме и младите кои со своите знаења, вештини и креативност го слават празникот на охридскиот ловороносец- големиот Григор Прличев.Со ова потврдуваме дека , со убави зборови, од раката на најмладите, најдобро се негува Великиот Прличев. И натаму како и досега, општина Охрид ќе ги поддржува ваквите манифестации и ќе ги стимулира младите да го почитуваат, да го слават и да одат по патот на Прличев- рече градоначалникот Бакрачески.

Во културно-уметничкиот дел од програма настапија актерите од охридскиот театар Билјана Билаловиќ и Павел Маслов, учениците Даниел Мојсоски и Ана Бошалеска  од ОМУ „ Методи Патче“ и добитничката на наградата Дона Трајкоска.

Во рамки на Прличевите беседи денес делегација на општина Охрид, предводена од претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, присуствуваше и на полагањето на ловоров венец на бистата на Григор Прличев пред библиотеката, како и на Беседата и Охридската визита што се одржаа во оваа културна установа.

OhridNews