Тарафлекс подлогата на која ќе се играат натпреварите на Светското првенство во ракомет за јуниори,   од денес (понеделник) ќе се монтира над паркетот во салата „Билјанини извори“.

Се очекува тарафлексот брзопотезно да биде поставен за да можат јуниорите непречено да ги продолжат подготвките за настап на СП што ќе се игра во Охрид.

Вардар – Македонија јуниори 28-30 (15-13)

Вардар : Даскаловски ,Ракчевиќ 5 ,Недановски 1 , Пејовиќ,Вујовиќ ,Радуловиќ 2 , Јовик 3 , Прибак 7 , Блажевиќ ,Мојсовски 4 ,Алушовски 3,Вукадиновиќ ,Калуѓеровиќ ,Ангелоски  .

Седмерци  4/4

Македонија : Цветкоски ,Трајковски ,Симовик 3 ,Маркоски 2 , Јанев ,Маркоски 5 ,Василевски 1 ,Ојлевски ,Георгиевски 1, Јовчески 1 , Вукчевиќ 4 ,Вешоски , Ангеловски ,Левов , Стоилов 1 , Пецаковски 11 ,Георгиевски  1 ,Митревски

Седмерци 4/7

По двете победи над врсниците од Бугарија, јуниорската репрезентација на Македонија ги одигра пвите два од планираните 4 натпревари против актуелниот шампион и освојувач на купот Вардар Про.

Првиот наптревар го добија црвено – црните со 40-35,додека во вториот јуниорите славеа  30-28 .

Покрај овие, во план се да се одиграат уште две тест – средби  со Вардар и еден  натпревар со некоја од репрезентаците ученички на СП кои порано ке пристигнат  во Македонија.

М. Постоловски