Павел Стевковски го скрши мразот и успеа да се закити со златен медал на турнирите во зелен тенис кои се одржуваат ширум Македонија.

Среќен турнир за охриѓанецот беше турнирот во Неготино и Кавадарци од Тенискиот клуб Црна Река. Стевковски во финалето убедливо со 2-0 во сетови (4-0, 4-0) го совлада Јасин Шабан од Тенискиот клуб од Скопје.

Со триумфот на турнирот Павел ја зацврсти првата позиција на ранг листата во зелен тенис во Македонија.

Плоден викенд во Неготино и Кавадарци имаат девојчињата кои освоија бронзен медал. Матеа Билбилоска и Мина Петреска го поделија третото место на пиедесталот.

Солидно деби имаше Ива Кецкарова која својот прв настап на турнир во категоријата на зелен тенис го заврши во 1/4 финалето со две победи.

Следниот турнир на кој охридските членови ќе бркаат нови одличја е во Скопје за две седмици.

OhridNews