Еден стерилен Германец го најмил соседот да ја оплоди неговата сопруга, бидејќи овој имал две деца со својата. После 72 обиди дознал дека и тој е стерилен. Сега еден германски судија мака мачи да донесе пресуда бидејќи првиот му платил на соседот за неговата услуга, а кога не успеал ги барал парите назад.


Најмениот Германец имал расправии со сопругата и и објаснувал дека тоа го прави само за пари. После шест месеци неуспех отишол на лекарски преглед и било утврдено дека е стерилен. Неговата сопруга била приморана да признае дека децата не се негови.