Познатиот американски глумец Стенли Тучи, познат по филмовите „Ѓаволот носи Прада“ и „Игри на гладните“, откри дека пред три години му бил дијагностициран рак. На крајот, тој ја победил болеста што успешно ја криеше од јавноста.

Имено, Тучи имал тумор на јазикот кој бил преголем за да се оперира, па морало да се најде друго решение… Глумецот одел на хемотерапија и зрачење, а признава и дека бил скептичен за третманот. Причината за својата несигурност ја нашол во лошото искуство со хемотерапијата на неговата сопруга Кејт, која почина од рак на дојка во 2009 година.

Мојот тумор беше премногу голем за операција, така што единствената можност беше честа хемотерапија и зрачење. Си ветив дека нема да поминам низ истите третмани како и мојата сопруга која почина од рак на дојка, вели тој во интервју за списанието „Вера“.

Тој, исто така, раскажа колку бил тежок целиот процес на терапија за неговото семејство.

Децата се однесуваа прекрасно, но целата ситуација беше многу тешка. Ме хранеа со цевка шест месеци, а јас бев во „едвај толку добра физичка состојба“, па присуствував на нивното дипломирање, рекол актерот.

Притоа, тој признава дека се чувствува многу постаро отколку пред болеста. – Но сепак, сакам да напредувам и да бидам со децата, вели тој. Ракот сега му е во фаза на ремисија, а актерот вели дека шансите тоа да се врати се многу мали.

OhridNews