Уште една незаборавна вечер исполнета со креативен хумор и многу смеа им приреди на охриѓани извонредниот стендап комичар Никола Тодороски.
Синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ се случи четвртото продолжение на стендап револуцијата, која Никола ја започна минатиот декември. Тој се претстави со нов, свеж материјал исполнет со актуелни теми од секојдневието, а неговиот извонреден настап беше повеќе пати беше прекинуван со долги аплаузи.
Специјален гостин на шоуто беше одличниот стендап комичар од Бугарија Иван Кирков, кој и овојпат ги освои симпатиите на охридската публика.
Стендап револуцијата на Никола Тодороски наскро ќе има петто продолжение.
OhridNews
фото: Мега продукција