Rebel
Од 21.04.2023 - 21:00 до 21.04.2023 - 22:30
По повод 12 години од првото стендап шоу на Никола Тодороски уште една изведба на последното негово соло шоу „Да БолиТ“ во еден неверојатен простор. Во петок, 21 април, со почеток во 21 часот во клубот Rebel.
Специјални гости кои ќе се погрижат за вжештување на атмосферата ќе бидат Илија Богданоски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Зоран Донев.
Организаторите напоменуваат дека сместувањето се врши по принцип на прв дојден, прв послужен, а сместувањето на публиката во клубот е на сепариња и високи маси.
Билетите по цена од 250 денари може да се набават онлајн или да се резервираат на телефонскиот број 075283066. Не пропуштајте ја последната изведба на шоуто „Да БолиТ“. Шоуто не се препорачува на лица под 16 години.
OhridNews