Стендап револуцијата на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски продолжува овој пат во Франкфурт, Германија. На 31.10.2015 Никола ќе го одржи својот втор настап пред македонската публика во Франкфурт.
“Ова ми е втор настап пред македонската публика во Германија. Пред се ми е драго дека еден ваков модерен комичен жанр им се допаѓа на луѓето кои се жедни за поинаква културна понуда од досегашната и секако за добра комедија. Јас имам доста интернационални настапи каде материјалот го изведувам на англиски, српско-хрватски, бугарски јазик но кога го правам тоа на својот мајчин јазик секако дека е подобро. Се надевам дека и овој пат ќе имаме прекрасна вечер и заедно ќе уживаме со македонската публика во Франкфурт.“ – изјави за OhridNews, стендап комичарот Никола Тодороски.
OhridNews