Центар за култура „Григор Прличев“
Од 05.05.2023 - 20:00 до 05.05.2023 - 21:30
Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“ охриѓани ќе може да ја погледнат во петок, 5 мај, во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Претставата е исповед за животот на Весна Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.
Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.
Карти на билетара по цена од 250 денари секој работен ден, почеток 20.00 часот.
OhridNews