Стенд ап шоуто „Све ли ја да мислам“ со познатиот комичар Бојан Велески утре пред охридската публика во НУЦК „Григор Прличев” – Охрид во 20 часот.
Актерот Велевски прави голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија, со наслов “Све ли ја да мислам”, а по текст на Божидар Божиновски (Моџо). Премиерата тргна од Прилеп, продолжи во Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Куманово, Тетово и Штип. На овие настани турнејата собра над 5000 луѓе.
Во овие десетина години кариера како комичар, со Охрид сме се дружеле прилично ретко. Затоа овој настан од турнејата ми е еден од најважните затоа што сега охриѓани ќе можат да ме видат во едно вистинско светло. Ветувам спектакл и смеење на секои 20 секунди 75 минтути, вели Велевски.
Картите може да се купат во А2 Тобако и Irish Pub Dablin по цена од 200 денари.
OhridNews