Стенд ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски ја отвори душата пред охриѓани
08.05.12 00:15
Отворен, ведар и крајно позитивен. Таков е стенд ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски кој од Охрид го започна своето “отварање“ кон македонската публика. Го забележа својот 63 настап, се стави себе си во центарот на анегдотите, остави простор за македонската естрада, а не заборави да ги потсети пристуните на сказните од детството.
Во Охрид, во “Ликвид“ беше ставен повторно на тест пред “тврдата“ охридска публика?
-Јас со охридската публика сум имал многу средби претходно, постои еден стереотип кој вели оти охридската публика ги гледа работите малку со гард, критички , што сметам дека е позитивно. Во Охрид некако се одомаќинив, публиката многу добро ме прифаќа и има пријателски однос кон настапи, а јас давам се од себе да си одат задоволни – рече Ѓорѓиевски
Пред пријателски расположените охриѓани го промовираше новиот досега нечуен материјал?
– Овој материјал е за прв пат премиерно изведен. Серијата настапи започнува од 9-ти овој месец. Ќе биде промовиран низ целата Македонија, па ете се потрефи во Охрид да биде изведен премиерно. Досега обично критикував работи околку мене, случки или настани, се она што се случува на естрадата, но овојпат се ставив себе си во фокусот од секојдневните работи што ми се случуваат, едноставно да се отворам и им кажувам на луѓето кој сум и каков сум – истакна Ѓорѓиевски.
Колку таквиот непосреден пристап во кој се ставаш себеси те доближува до публиката, И секако колку е важна комуникацијата со публиката во стенд ап комедијата?
– Работа на стенд ап комичарот е да биде дел од народот. Да биде гласот на тие луѓе таму, кога си млад и неискусен пробувааш да се бараш, јас ги критикував работите кои мене ми лежеа, кои мене ме иритираа. Сфатив дека дел од луѓето помислија дека јас само критикувам и не трпам шега на моја сметка, но ако јас сум се решил нешто да критикувам подготвен сум и јас да бидам дел од одредена критика. Само суетни луѓе и луѓе кои се пумпаат со его не прифаќаат критика, јас егото и суетата ги имам ставено малку на страна , влегувам искрено и целиот начин на промоција, влезе многу искрено без фолирање, без финти и без кој знае какви продукции кои работат зад мене. Ако јас не го слушам нивниот глас, она што нив ги мачи и она што тие сакаат да го слушнат, тогаш заминувам во некој ќор сокак и комедијата е само за мене. А кога е само за мене, нема одзив тогаш е се` за џабе. – смета Ѓорѓиевски.
Дали македонската публика е подговотена за стенд ап, дали е зрела да прифати ваков тип комедија и како реагира на овој начин на хумор ?
– Дел е подготвена, но исто така постои интенција да се покаже друга слика, такви фолиранти не трпат критика. Досега никогаш не сум добил некаков фидбек, ниту позитивен, ниту негативен коментар. Овој беше мојот 63 настап и досега никој не се осмелил да си признае на своја сметка да рече, па да така е. Ние многу малку и реално знаеме за тие личности кои треба да бидат идоли на децата. Мора тие луѓе да бидат совесени, да остават еден позитивен белег вонивното време – истакна битолчанецот Ѓорѓиевски.
Темите ги црпиш од секојдневието?
– Што повеќе проблеми тоа повеќе муабет на сцена. Ќе настапувам во Словенија на фестивал и еден мој пријател ми вели. “Брат, што ќе бараш таму, тие немаат проблеми, за што ќе им зборуваш“. Има доволно инспирација, има доволно материјали, но кај нас уште постојат забранети теми за муабет. Теми за кои што не смееш да зборуваш. Јас кога решив да се занимавам со оваа работа одам до крај. Ако работиш со компромиси многу брзо ќе пропаднеш. Луѓето кои се дојдени на шоу и тие имаат исто така проблеми како ти и тие не смеат да кажат нешто, а тука си ти и тоа е твоја мисија, да го обелодениш тоа што сите го гледаме и го премолчуваме, вели Ѓорѓиевски.
Го “искористи“ интернетот, за да се промовираш, и го понесе епитетот “интернет сезнзација“.
– Интернетот е белег на мојата генерација, можеби после 20 години ќе се сеќаваме како рамантично сето тоа започна, како сме имале проток на многу информации, и сега на неколку клика. Интернетот е местото каде што можеш да го стекнеш најголемото школување, имаш се но немаш ништо, биддјеќи се добиваш на површна основа и во неколку реченици сублимирано. Интернетот ми е многу голема провокација, целата младина е тука, кога ќе речиш каде сум излезен, ке речеш на Фејсубк сум излезен. Тука е местото да се промовирам, иако претходно бев подготвен да ме “распнат“ и да ме критикуваат по форуми, ние сме народ кој многу брзо и лесно критикува. Ние сме една апатична младина која се плаши од првиот чекор, што ако го направам првиот чекор. Што ако . . . – потенцираше Ѓорѓиевски.
Во Македонија, во моментов не е голем бројот на ваквите комичари. Боите на Охрид ги “брани“ Никола Тодороски кој своите дела ги пласира на веб порталот ОhridNews.
– Мојата соработка во Македонија е единствена со Никола Тодороски и со никој друг во Македонија. Заедно почнавме, заедно настапуваме на некои места низ Македонија, се надевам дека заедно ќе се развиваме и ќе правиме квалитетен стенд ап материјал – завршува Ѓорѓиески.
Ѓорѓиески им порачува на младите да бидат активни, да не се плашат од неуспехот, да бидат искрени кон себе си за да можат да направат големи работи во животот.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...
Целосно затемнување на Сонцето, поточно совршено порамнување на Земјата, Месечината и Сонцето во права линија, ќе се случи на 8 април и ќе биде видливо од Северна Америка Затемнувањето ќе трае чети...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.