Реновирана “Стела“ стара 45 години која е донација е од холандскиот едриличар Кејс Шерпел, од местото Лосдрехт блиску Амстердам ќе ги бранува водите на Охридското езеро.
Шерпел кој како што велат од клубот бил голем вљубеник во Охрид, со стелата учествувал на огромен број на натпреварувања од светски карактер освојувајќи бројни награди.
Стелата ќе биде најстариот пловен објект кој пловел на една регата во Охрид, има 26 м2 едра и 15 метра висок јарбол.
Со пожртвувана работа едрилицата ја реставрираа браќата Кире и Владе Маленко кои ќе ја имаат честа да ја “возат“ стелата по охридското езеро.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com