Симеон Стефков од Скопје е делегиран за главен судија на мечот од 14 рунда меѓу Ринија и Охрид Лоте. 

Стефков во првиот дел од шампионатот ја делеше фудбалската правда на дуелот Новаци – Охрид Лоте кој заврши без голови 0-0.

Скопјанецот досега не водел ниту еден натпревар на кој играла Ринија.

Негови помошници ќе бидат Недевски Илија и Димитриевиќ Дејан, додека четвртi судија е Цветковски Игор сите од  Скопје.

Првиот натпревар одигран на “Билјанини Извори“ заврши со победа на “градежниците“ со 2-0.

Ohridnews