Македонскиот маратонец Томи Стефановски го освои второто место на маратонот на езерото Сен Жен (Канада кој е дел од светската Grand Prix серија.
На овој маратон Македонија имаше двајца свои претставници во машка конкуренција Томи Стефановски (41) и Евгениј Поп Ацев(24). Делницата долга 32км и во релативно ладната вода(19степени) не претставуваше пречка за нашиот искусен маратонец Томи С. да стигне како втор на целта веднаш позади првопласираниот Трент Гримсеј од Австралија.
Вториот преставник Поп Ацев доплива до 4то место во конкуренција на вкупно 28 натпреварувачи (13 жени и 15 мажи). Следната трка од истата Grand Prix серија е веќе наредниот викенд на 4ри Август и ќе се одржи на езерото Магог (Канада) во должина од 34км.
ПЛАСМАН:
МАЖИ
1) Trent Grimsey(AUS)-6h 23min 13sec;
2) Tomi Stefanovski(MKD)-6h 33min 56sec;
3)Guertin Philippe(CAN)-6h33min 58sec;
4) Evgenij Pop Acev(MKD)-6h 34min 21sec.
ЖЕНИ
1) Cunha Ana Marcela(BRA)-6h34min 06sec;
2) Pilar Geijo(ARG)-6h 53min 23sec;
3) Esther Nunez Morera(ESP)-6h 52min 11sec.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com