Претставниците на пливачката и ватерполо федерацијата, како и тренери на повеќе клубови меѓу кои и Томи Стефановски денеска го изразија своето незадоволство за одлуката на менаџерите на спортскиот базен „Карпош“ за 600 насто да ги зголемат цените за користење на овој спортски објект.

Наместо досегашните 360 денари или пет евра по пливачка патека, без издржани аргументи менаџерите на салата „Борис Трајковски“ решиле користењето на една патека за еден пливач, за час и половина да ја зголемат за 27 евра.


На состанокот на кој било решено зголемување на цените, изјави тренерот Методија Ангелевски  се открило  дека салата „Борис Трајковски“ не е јавно претпријатие (ЈП) како што се кажувало во јавноста, туку тоа е Друштво со ограничена одговорност (ДОО) кое што работи на економска основа за профит. „На фактурите пишува дека е ДОО а не Јавно претпријатие„ изјави Ангелевски.

Во изминативе 6-7 години пливачкиот спорт се соочува со вакви проблеми. Од моја страна гледано е невидена срамота да не работи базен во 21 век. И како пливач, и како тренер е срамота да имаш вакви  услови. Тие што се најмногу засегнати никогаш не се прашани, а денешниот спорт овие услови не ги признава.“ изјави маратонскиот пливач Томи Стефановски.

Откако се отворил базенот по вторпат, во месец ноември минатата година, водата била непријатна за обука, затоа што оптимална температура на водата во базенот е 25-26 степени, а за деца 28 степени. Водата во базенот „Карпош“ постојано била 24 степени а дури и поладна.

Марјан Соколовски на прес – конференцијата изјави дека македонскиот пливач Игор Димовски се подготвува  за препливување на каналот Ла Манш на 1 август оваа година, но сегашната состојба на базените таа цел е малку подалечна.


Соколовски додаде дека ниту една влада до сега не се обидела да пронајде решение за овој проблем, но тој е решлив ако се ангажира владата, градот, општината и по некој концесионер.

Во Белград на Ташмајдан користењето на базените го плаќа градот, во Крањ клубовите не плаќаат воопшто за користење на базените, а струјата и затоплувањето е покриено од буџетот.

Ohridnews


Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со макфакс.