Македонскиот кошаркарски ас Врбица Стефанов се договори за двегодишна соработка со турскиот прволигаш Мерсин.

За капитенот на македонската репрезентација ова ќе биде трето враќање во турската лига. Тој интернационалната кариера ја почна во 1999 година, токму во Турција, во Пинар Каршијака од Измир, а пред две сезони беше член на Улкер од Истанбул.

Стефанов во минатата сезона беше член на Црвена Звезда, Олимпијакос и на Монтепаски Сиена. Од Звезда си замина по само еден одигран официјален меч, кога поради приватни проблеми сакаше да прекине со активното играње. По неколкумесечна апстиненција му дојде понуда од гигантот Олимпијакос, која не можеше да ја одбие. Сепак, таму не ја доби минутажата што ја заслужува и по тешкиот четиримесечен период на „греење клупа“, ја заврши сезоната и во Сиена. За Монтепаски одигра само еден меч во полуфиналето на плејофот, а ја освои титулата во италијанскиот шампионат.

Како и секогаш, тој беше лидер на националниот тим и даде голем придонес во освојување на првото место во групата од дополнителните квалификации. Потоа и на баражот во Менорка беше една од најсветлите точки. Поразот од Израел не’ спречи да играме на ЕП, на кој Стефанов сакаше да ја круниса својата репрезентативна кариера. Врбица рече оти ако го послужи здравјето, и следното лето ќе настапува за Македонија. Сега очекува принова во семејството.

ПОЛВА С. – ВАРДАР ПРО 30:30 (15:15)
    
Вардар Про го потврди пласманот во групите од Лигата на шампионите откако на реваншот во Полва одигра нерешено со истоимениот тим, 30:30.На тој начин останаа 15 гола разлика од првиот дуел кои беа доволни за пласман во следната рунда. Македонскиот шампион Вардар ке настапува во Ц групата од Лигата на Шампиони заедно со екипите на Загреб.Адемар Леон и Шафхаузен .

М. Постоловски