Кошаркарите на Македонија во вториот круг во Бидгошч ќе играат против Франција, Германија и Русија.

Без разлика на тоа, капитенот Врбица Стефанов смета дека овој состав на Македонија има сили за нови изненадувања во Бидгошч.

– Можеме да победиме два пати во вториот круг. Противниците ги познаваме, сме играле против нив и мислам дека не сме во подредена ситуација. Потребно е да се смириме, да анализираме и да го исправиме тоа што не чини. Ова не е сé што Македонија има да го каже на ЕП во Полска – вели Стефанов.

Денеска на ЕП е слободен ден, а утре од 21 часот Македонија го игра првиот меч во новата група, со Франција.