Стартот на кошаркарското Европско првенство (ЕП) во Полска (7-20 септември) е сé поблиску, а со тоа и историскиот дуел на македонската селекција против Грција, на отворањето на континенталниот шампионат во Познањ.
Како што одминува времето, товарот сé повеќе надвиснува врз плеќите на избраниците на селекторот Јовица Арсиќ, кои во Полска ќе имаат исклучително тешка задача за истовремено водење спортска, но и на политичка војна, која самата ситуација им ја наметнува, и тоа без нивна желба.
Капитенот на жолто-црвената чета, Врбица Стефанов, има рецепт како да се издржи притисокот, кој од ден на ден е сé поголем, но и да се стигне до толку посакуваната победа.
– На натпреварот со Грција треба да гледаме како на уште еден обичен меч и ништо повеќе од тоа. На средбата со јужниот сосед мора да и пристапиме со ладни глави, сконцентрирани само на спортскиот дел од натпреварот. Ние сме спортисти и не гледам причина зошто политиката би се пренела на терен, иако сум свесен дека ќе биде тешко да се одделат двете работи – ни изјави Стефанов.
Популарниот Врба во два наврати настапуваше во првенството на соседна Грција, каде што, како што вели самиот, немал никакви проблеми со фактот што е Македонец. Тој во почетокот од интернационалната кариера го носеше дресот на солунски АЕК за пред две години извесен период да мине во Атина настапувајќи за екипата на Олимпијакос.
– Доста добро се познавам со поголем дел од грчките репрезентативци, а со дел од нив и имам настапувано и заедно. Сигурен сум дека на паркетот нема да има никаков проблем, со оглед на тоа што и ние и тие сме професионалци што живеат од кошарката. Очекувам исклучително интересен натпревар. Шансите за победа ги гледам во нашиот колектив и во нашата смирена игра. Доколку во мечот со Грција би влегле со голем набој и преголема возбуда, сигурен сум дека нема да поминеме добро – дополнува капитенот Стефанов.
Македонските кошаркарски репрезентативци во скопската сала „Борис Трајковски“ ќе работат до следниот четврток. Потоа следува патување во германскиот град Бамберг и учество на „Президент купот“ (21-23 август), каде што наш прв противник ќе биде домаќинот Германија. Втората двојка ја сочинуваат Хрватска и Полска.
Ракометарите на Охрид по кратката пауза за Новогодишните и Божиќните празници синоќа ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во кој ГРК Охрид ќе ги доигра првенствените дуели и дуелите ...
Општина Охрид објави јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетск...
Распишан Конкурсот за доделување награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2024 година Наградите и признанијата за најуспешните спорт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.