Од проблем во проблем, вака се одвива кошаркарска кариера на поранешниот репрезентативец Ристе Стефанов. Како што јавија грчките медиуми а пренесе
Ekipa.mk македонецот бил позитивен на допинг тестот, ако тоа се докаже и по вториот “црно“ му се пишува на Стефанов.
Сезонава бекот ја започна во МЗТ Скопје, слабите игри и “големите“ очекувања го “истераа“ Стефанов од екипата. Одлучи да се пресели кај јужниот сосед во тимот на Илисијакос, но по неколку бледи натпревари без никаков учинок, трансферот беше оспоруван а капак на се беше допинг скандалот.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com