Бекот Ристе Стефанов по заминувањето од Лукоил Академик се’ уште е
слободен, но вели оти тренирал за да биде што е можно поподготвен. Tој ја доби својата слободи и психолошки растеретен може да им се посвети на обврските кон националниот тим.
– Имав долга пауза но во целиот овај период непресетајно тренирав, во последните три и пол месеци индивидуално се подготвував за да дојдам во што подбра кондиција на овие подготовки. Добра генерација сме, со добра подготовка со добра игра, се надевме дека ќе го повториме ланскиот успех и да се пласираме втора година во низа на европското првенството – истакна Стефанов
Честа но и одговорноста да се игра на едно големно натпреварување е голема. Воопшто нема да недостига мотивот кај Стефанов преку квалификациите повторно да се биде дел од европската кошаркарска елита.
– Огромно задволство преставува играњето во националниот дрес, и преставувањето на својата држава. Она што доживеавме во Полска ќе биде мотив плус да обезбедиме виза за Литванија, посебно што во овај циклус на наша страна ќе ја имаме и домашната публика – вели Стефанов
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com