Натпреварот против европскиот првак Русија беше последниот 66 – от во кариерата на Врбица Стефанов.

Капитенот својот последен настап го заврши со 16 поени, 4 асситенции и еден скока, а само среќата не сакаше тој да одигра барем уште еден натпевар во црвено – жолтиот дрес.

Доколку влезеше топката во кошот во последниот напад ќе игравме продолженија па кој знае – рече Стефанов,по завршувањето на натпреварот. Сакам да им честитам моите соиграчи кои го дадао максимумот. Одигравме онака како што се договоривме, јако во одбрана во сите 40 минути,сконцетрирано во нападот. Победата ни избега, залужено победија русите, среќата беше на нивна страна – заврши Стефанов.