По двата дена пауза македонската кошаркарска репрезентација се враќа во тренинг салата во арената  „Борис Трајковски“, во Скопје каде ги продолжува подготовките за Европското првенство во Литванија, кое почнува на 31 август.


На тимот за прв пат на подготовките треба да им се приклучи натуралирзираниот македонец Лестер Бо Мекејлеб, а по неколкуте дена слободно на диспозиција ќе се стави и капитенот Перо Антиќ.

Од листата кошаркари кои треба да патуваат за Вилнус, поради повреда отпадна бекот шутер Ристе Стефанов, кој уште не подговките во Охрид се пожали на повреда. Ситуацијата се влошила по мечевите во Италија, по одредената пауза тој дефинитивно отпаѓа за континеталниот собир.

М.П.