Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Врбица Стефанов потврди дека настапите во Полска беа негови последни во националниот дрес.

Мојата одлука за повлекувањето, како од репрезентативната, така и од клупската кошарка е комплетна. Сигурно дека во иднина ја гледам кошарката како дел од мојот секојдневен живот, но сега потребен ми е одмор за дружење со пријателит и семејството

Стефанов изрази задоволство од настапите на нашата репрезентација на Континенталниот шампионат.

Тоа што го ветивме пред заминувањето за Полска и го исполнивме, се пласиравме во втората рунда на Европското првенство– истакна Врбица Стефанов.

ohridnews