Македонската репрезентација ја извојува втората победа на ЕП во Полска. Малку кој очекуваше ваков расплет на настаните на континеталниот собир на кој Македонија забележа две победи и е на чекор до четвртфиналето

– Покажавме карактер, бевме мотивирани по поразот од Франција. Сакаме да извојуваме што е можно повеќе победи и оваа генерација да нанижи уште историски моменти. Играта на Германците ни одговара, тоа го потврдивме и на турнирите. Сега играме со Русија, тоа ќе биде тежок меч, но ќе дадеме максимум, ќе се концентрираме, ќе собереме енергија да направиме голем успех. Бевме многу напаѓани и тоа ни направи притисок. Го остваривме договореното, влеговме во вториот круг. Не заслужуваме таков третман од јавноста – рече капитенот Врбица Стефанов, кој со 25 поени ја прикажа својата најдобра игра на шампионатот.

ohridnews