Атмосферата во репрезентацијата е на највисоко ниво, а комбинацијата од младост и искуство ги дава посакуваните резултати смета капитенот на најсилната македонска кошаркарска селекција Врбица Стефанов. Според него Македонија има фантастична репрезентација и за него претставува големо задоволство работата со овие момци.
По дводневниот одмор кој на играчите им го даде селекторот Јовица Арсиќ, од синоќа репрезентативците во Скопје продолжија со тренинзи. Во главниот град остануваат до четврток за кога е закажано заминување на турнир во Бамберг (Германија). Македонија се подготвува за ЕП во Полска (7-20 септември).
– Сега сме на средина од подготовките, и задоволен сум од досегашниот тек, како од деновите на Златибор така и од Охрид. Сега не’ очекуваат два силни турнири во Германија и Турција каде ќе ги одмериме силите со далеку посилни репрезентации, по што очекувам да ја темпираме нашата форма токму за стартот на ЕП во Полска. Со натпреварите кои ги одигравме во подготовките видовме две лица на репрезентацијата. На мечевите против Русија и Словенија одигравме ангажирано и мотивирано, додека опуштањето на мечевите со Словачка видовте како се одрази на нашата игра – вели Стефанов.
За кавадарчанецот, натпреварите на ЕП ќе бидат последни во неговата плодна и успешна кариера. Капитенот ветува оти ќе биде на нивото од кое се очекува од него и сигурно ќе биде движечката сила на репрезентацијата.
– Кај мене е присутна голема желба да направиме што подобар резултат, подобар од оној во Франција пред десет години. И тогаш сметам дека одигравме добро, но среќата не не’ послужи. Јас би бил пресреќен доколку се пласираме во вториот круг и задоволен би ги закачил патиките на клин. Мотивот сигурно ќе биде на највисоко ниво посебно на мечот против Израел, екипа која добро ја познаваме и е наш должник. На мечот со Грција мора да гледаме како на уште еден обичен натпревар на европското, инаку би изгореле уште на почетокот – додава Стефанов.
Ракометарите на Охрид по кратката пауза за Новогодишните и Божиќните празници синоќа ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во кој ГРК Охрид ќе ги доигра првенствените дуели и дуелите ...
Општина Охрид објави јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетск...
Распишан Конкурсот за доделување награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2024 година Наградите и признанијата за најуспешните спорт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.