Десет годишниот пост е прекинат. Долги години македонската кошарка се мачеше да исплива од сите проблеми и да се најде на површината, да се најде во друштвото на најдобрите.
Капитенот Стефанов ќе го игра второто Европско првенство под македонското знаме. Најдобра награда за човекот кој беше на работ на бездната, човекот кој успееа да ги надмине сите проблеми и застана да ја предводи својата репрезентација кон овој голем успех.
– Среќни сме за победата, и поради тоа што одиме во Полска како победници во групата. Верувам во силата на оваа генерација, се работи за квалитетни играчи, а доказ за тоа се и големите транфсери, кои ги прават во европските клубови. Ќе има што да покажеме на ЕП. – вели македонскиот капитен, Врбица Стефанов.
Јовица Арсиќ ќе биде вториот селектор кој ќе ја предводи македонската репрезентација на едно големо натпреварување.
– Задоволен сум што победивме, и што се пласиравме на ЕП како победници на групата. Би сакал да и се заблагодарам и на публиката, поради поддршката што ни ја даде во текот на средбата. – изјави македонскиот селектор Јовица Арсиќ.
Покрај капитенот Врбица Стефанов, во сегашната репрезентација има уште 3 кошаркари, кои беа во составот на ЕП во Франција: Гечевски, Илиевски и Блажевски.
ohridnews