минатогодшиниот победник шпанецот Марк Роиг. Покрај главниот маратон
охриѓани најавуваат и одржување на неколку пропратни трки.
– Во
план сме и направиме прослава за целиот град, на која масовно учество
ќе земат ученици од основните школи кои ќе се натпреваруваат во разни
категории и трки. Жалсно би било оваа долгогоишна трација да ја
прекинеме на својот сребрен јубилеј.– рече Милчо Стефаноски од Организациониот одбор.
Атлетскиот маратон за прв пат се одржал во 1976 година. Истиот
континуирано се одржувал се до 1993 година. Потоа следува вакум од 10
години. во 2004 година повторно е возобновена традицијата.
– На првиот маратон трчаа 4 маратонци од граничниот премин кај СВ Наум
се до стадионот на СРЦ Билјанини Извори . Бројот сукцесивно се
зголемуваше и дојдовме до бројка од 96 маратонци. На досегашните 24
маратони имаат учествувано над илјади учесници – Ристо Трајкоски кој е
во организацијата на маратонот од неговото прво издание.
Најтрофеен маратонец е Живко Стојчески со 5 (пет) освоени први места.
Со најголем број на учества на маратоните е Коста Стојчески вкупно 13 (тринаесет) години, од 1981 до 1993 година.
Најстар маратонец кој ја истрчал патеката Св. Наум – Охрид е 73 годишниот Живоин Јекиќ со резултат 2:52,30.