Изминатиот викенд на арената „Тодор Проески“ во Скопје се одржа Националниот Куп во фрлачки дисциплини.

Членот на АК Охрид Стефан Стефаноски и оваа година зеде учество во дисциплината фрлање диск и имаше повеќе од добар настап.

Стефаноски во неговата дисциплина го освои првото место со резултат 43.60м.

Г.М.