Бараме плебисцитарна подршка за 61 пратеник, подршка која на владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски ќе и овозможи сигурно спроведување на програмата во 100 чекори за преродба на Македонија, која Македонија ќе ја направи силна и просперитетна држава, респектирана членка на ЕУ и НАТО, со достоинство и силен културен и национален идентитет.
Но, не бараме подршка на невидено, бараме подршка на сработеното. Ви ветуваме дека ќе продолжиме да работиме посветено, без застој со сиот наш капацитет и знаење.
Затоа, секој глас ни е важен, особено ни е важен Вашиот глас. Излезете во недела на гласање, потрошете 15 минути од Вашето драгоцено време, за утре и Вие да можете да кажете дека сте биле дел од преродбата на Македонија, дел од илјадниците луѓе кои го подржале премиерот Никола Груевски.
Ве поканувам да гласате за победничката коалиција, за коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за носителот на листата во петтата изборна единица м-р Антонио Милошоски. Во недела заокружете го бројот 12 и бидете и Вие дел од преродбата на Македонија, се вели во обраќањето на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Владо Стефаноски, на неколку часа до изборниот молк.