Македонскиот репрезентативец во маратонско пливање, 42-годишниот Томи Стефановски е еден од 15-те номинирани за наградата ’Човек на годината’ во маратонското пливање.
Наградата ја доделува Светската асоцијација во маратонско пливање на отворени води (WOWSA), а за номинираните може да се гласа на интернет страницата на асоцијацијата www. worldopenwaterswimmingassociat
Во образложението за номинацијата на Стефановски се наведува пред се дека тој е достоен кандидат за добивање на наградата за 2013 година.
За Стефановски понатаму се вели дека е 42-годишен мајстор на пливањето и дека е пример за помладите, како и дека повеќе од една деценија е дел од маратонското пливање од кое не се откажал иако имал шест операции од кои три на истото рамо.
Како исклучителен успех на Стефановски се наведува неговата годинешна победа на една од најтешките трки во светот, маратонот Сен Жан во Канада. Томи Стефановски, оваа сезона, во вкупниот поредок во маратонското пливање, заврши на четвртото место.
„Макфакс“